Пари летаат на сите страни: Пејачката Теа Таировиќ за еден рефрен собра 5.000 евра - песната е моментално најголем хит
Пејачката Теа Таировиќ неодамна пееше на приватна прослава каде собра мноогу добар бакшиш.
Имено, на Фејсбук се појави видео во кое Теа пее додека околу неа летаат банкноти, а во еден момент парите не можеше повеќе да ги држи во рацете. Отпрвин, еден човек ѝ дава пари во рацете, а потоа тој започна да ги фрла над неа, на подиумот, додека Таировиќ цело време игра и пее.
Интересно е што меѓу банкнотите не можеше да се види друга валута освен евро, и тоа по 50, 100, 200, 500 евра. Поради огромната сума пари што ја доби пејачката, беше невозможно да се избројат, но според слободна проценка, изгледа како да добила 5.000 евра само за рефренот.
„Hajde“ од Теа Таировиќ е најголем хит моментално: