Парис Хилтон на роденденот на својот син му донесе кокошки, кози, зајаци...Тематска забава каква досега не сте виделе (ФОТО)
Eкстериерот изгледаше како дното на океанот. Терасата беше украсена со алги, а на забавата дури и свиреше музика од „Малата сирена“ на Дизни.
Кози, кокошки, гуски, зајаци, коњчиња... За да го одбележи роденденот на синот Феникс, ријалити ѕвездата Парис Хилтон (42) организирала тематска забава на која ја донела речиси цела зоолошка градина.
Eкстериерот изгледаше како дното на океанот. Терасата беше украсена со алги, а на забавата дури и свиреше музика од „Малата сирена“ на Дизни.
Хилтон уредила голем двор со украс во форма на полумесечина кој бил исполнет со црвени, сини и портокалови балони, а можеле да се најдат и неколку балони во форма на различни видови риби.
Неколку дена претходно, на 24 јануари, ријалити ѕвездата му посвети емотивна објава на Инстаграм на својот син по повод неговиот роденден.
- Пред една година еден прекрасен ангел влезе во нашиот живот и ни донесе многу љубов и среќа. Драго мое дете, ти си повеќе од остварување на сонот. Ти го правиш мојот живот комплетен. Секој ден со тебе е бесценет подарок и јас сум бескрајно благодарна што сум твоја мајка. Го славиме твојт прв од многуте родендени - за цел живот смеа, љубов и авантура. Среќен прв роденден – напиша Хилтон.
Парис и нејзиниот сопруг Картер Реум го добија синот Феникс со помош на сурогат мајка. Покрај него, двојката ја има и ќерката Лондон, која се роди во ноември 2023 година, исто така благодарение на сурогат мајка. Ријалити ѕвездата и претходно често изјавуваше дека едвај чека да стане мајка. Таа зборуваше и за асистирана репродукција.
- Се радувам на годината во која ќе станам мајка. Имаме многу јајца кои само чекаат – открила Парис за американските медиуми во 2022 година.
Фото: Инстаграм