Парис Хилтон со досега невидени фотографии: Имав 18 години и болка во моите очи
Минатата година Парис Хилтон објави документарец за нејзиниот живот, во кој зборуваше за тешките моменти низ кои поминала. Богатата наследничка на империјата „Хилтон“ реши да сподели некои од нејзините досега невидени фотографии на Твитер.
Таа тврди дека имала ужасни искуства додека одела во едно училиште.
- Овие фотографии се направени кога имав 18 години и се вратив дома од ужасните искуства што ги поминав во училиштето „Прово Канион“. Ја гледам болката во моите очи. Гледајќи го ова сега, знам дека како тинејџер би била толку неверојатно горда на жената што сум денес - напиша Парис.