Патформата паѓа, а учениците без никакво известување што да прават: Што да очекуваме од 1 октомври?

Патформата паѓа, а учениците без никакво известување што да прават: Што да очекуваме од 1 октомври?

Објавена во: Совети // School zone

Откако викендов учениците добија лозинки и „јузери“ со кои ќе може да се најават на Националната платформа за учење на далечина, за денес се закажа класен час на кој треба да се испроба истата. Но, тоа не се случи. Опремени со ИТ опрема, станати навреме и наместени пред уредите, учениците останаа да гледаат во екранот на кој пишува „error“.

По, овој „кикс“, многу родители, но и учениците го споделија своето искуство на социјалните мрежи. Помеѓу сите нив имаше и еден ученик, кој реалната слика успеаа да ја долови со само неколку реченици. Поентираше со прашања, кои ги посочи директно до надлежните институции.

Во продолжение погледнете го целото негово обраќање:

„На првиот ден, првиот пробен час кој требаше да го одржиме на новата платформа за учење од далечина, како некој вид на тест на истата, веднаш се јави проблем. Веќе 30 минути веб страната е блокирана и никој од нас учениците не е известен што треба да прави. Едноставно седиме и чекаме. Замислете како ли му е сега на дете од прво одделение на кое родителите му дале насоки како да се уклучи и сега му се појавува error. Што да очекуваме од први октомври, ако на еден пробен час се случува ова? Уште колку други проблеми ќе има толку најавуваната и фалена онлајн пратформа? Срамота е!

* Часот е одложен. До кога проблемите ќе се решаат со бегање од нив?“


Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: