Патот до ѕвездите: Како се откриени девојките од ITZY?

Патот до ѕвездите: Како се откриени девојките од ITZY?

Објавена во: Stars // Музика

Девојките од бендот ITZY се на одличен пат за уште повеќе да се прослават на светската сцена, а и самите многу зборуваа за тоа дека им е одлично што секоја од нив по нешто се издвојува, а повторно одлично се служуваат. Тоа убедливо е нивниот рецепт за одлична соработка. Дали ве интересира како овие девојки ги здружија силите во едне бенд и како се „откриени“? Зборуваме за секој член и што направил за да стане дел од ваква група.

# Yuna

Започнуваме од најмладата членка, која има само 16 години. Супер рапер, танчерка и пејачка во исто време, а „YUP Entertainment“ ја откри во 2015 година, кога со својата сестра била на музички фестивал. Воедно, тоа бил и нејзиниот прв концерт во животот, а уште веднаш добила покана од една жена да дојде на интервју. Три години се подготвуваше, за во 2019 година да стане дел од бендот.

# Chaeryeong

Втората најмлада девојка е Chaeryeong, а таа со својата сестра се појавила на една аудиција во 2012 година и не поминала, но сепак била забележана од „JYP Entertainment“. На овој начин, таа најдолго била подготвувана од сите девојки, дури 5 години чекала за да стане дел од бендот.

# Ryujin

Ryujin можеби има најчудна приказна за тоа каква била нејзината среќа за да стане дел од овој бенд - таа била на концерт на групата GOT7, на кој имало многу луѓе од нејзината сегашна музичка куќа, па некој од нив и побарал телефонски број, а се останато е историја.

# Lia

Дваесетгодишната Lia била член на музичката куќа „SM Entertainment“, која е позната по групите ЕXO и Red Velvet. Оваа куќа ја напуштила по желба на нејзините родителите, кои сакале таа да оди во Канада да се школува, па во „JYP“ се вратила подоцна, но очигледно не било многу доцна.

# Yeji

Најстарата членка е и лидер на бендот, а тоа е Yeji. Како што велат самите девојки, таа е најмудра и најзрела од сите нив. Таа како дел од музичката куќа, чекала 3 години за да стане дел од бендот, бидејќи на аудицијата се појавила во 2015 година. Медиумите често ја опишуваат како „најсилен адут“ на „JYP Entertainment“.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: