Патувај Селма: Почина жената која беше инспирација за една од најубавите рок балади
Селма Бориќ беше инспирација за Владо Дијак кој ја напиша една од најубавите рок балади, затоа што таа беше жената во која беше заљубен, но тој никогаш не ѝ призна. Затоа реши да ги претвори своите чувства во стихови што ги отпеа Жељко Бебек, а песната стана голем хит. Селма Бориќ го запознала Владо Дијак кога имала 16 години. Иако тој никогаш не призна што чувствува, сите дознаа откако ја слушаа познатата песна.
За неа беше напишан култниот хит „Селма“ на Бјело дугме, а таа почина во Хрватска, денес на 92-годишна возраст.
Селма беше ќерка на градоначалникот на Зеница (ЗДУ, БиХ) Абдулазиз Аско Бориќ.