Патувањата на мачорот Гери: Има 400.000 следбеници, планинари, се вози во кајак, хеликоптер...
Нема место каде не бил...
Локалната награда за „голем допринос во туризмот“ во канадската провинција Алберта замина во рацете или подобро кажано шепите, на еден мачор. Со тоа се пофали неговиот сопственик, Џејмс Истам, кој го води профилот на Инстаграм. Таму, влакнестиот убавец има скоро 400.000 следбеници кои се воодушевени од патувањата, неговата смиреност и фотогеничност.
Неговото име е Гери и е авантуристички настроен.
Планинари без страв од снег, се вози во кајан и хеликоптер...
Нема место каде не бил, а неговите фотографии и видеа покажуваат колку ужива во сите нови места.