Пеце од „Суперхикс“: Како тинејџер сам си направив тетоважа на нога!

Пеце од „Суперхикс“: Како тинејџер сам си направив тетоважа на нога!

Оваа недела на тинејџерските години се потсетува музичарот Петар Младеновски од „Суперхикс“.

„Како тинејџер бев многу срамежлив. Глумев некој панкер и пејач во бенд. Сам се тетовирав на нога и сам си ги дупчев ушите со безопасна.“ се потсети Пеце.

И покрај тинејџерските лудости Пеце открива дека бил многу сремежлив особено со девојките.

„Во суштина бев многу срамежлив, посебно со девојките. По некое време се отсрамив и станав помалку срамежлив, а почнав да пијам и пиво и се запишав на факултет на кој за чудо и дипломирав.“, вели Пеце.

Периодов СУПЕРХИКС одбележуваат 25 години од првиот настап, а за да го одбележат овој јубилеј најавуваат и концерт.

„Концертот ќе се случи на 3 март во МКЦ, и полека но сигурно сфаќаме дека сме стари, хахаха.“, вели Пеце.



Можеби ќе ве интересира: