Пеењето не им е прва професија: Со што се занимавале познатите српски пејачи пред да станат познати
Од медицина, преку водителство до обезбедување...
Многу позанти личности од српската јавна сцена пред да станат познати морале да се занимаваат со разни професии кои главно немаат никаква врска со нивните денешни кариери.
Интересен податок е дека поголемиот број естрадни уметници во Србија може да се пофалат само со диплома од основно училиште, по некој и со средно, а многу е мал бројот на оние кои влегуваат во групата академски граѓани, но тоа секако не ги спречило да направат голем успех.
# Слоба Радановиќ работел како обезбедување
Денес е еден од најбараните пејачи на српската музичка сцена. Јавноста го започна за време на учеството на едно музичко натпреварување, но пред да се избори за своето место на естрадата, Слоба морал да се снаоѓа на разни начини, па така во еден период работел и како обезбедување.
# Индира Радиќ била медицинска сестра
Пред да стане позната пејачка, Индира живеела во Загреб, каде работела како медицинска сестра во една болница, но и покрај неодобрувањата на родителите да се занимава со јавна работа, таа сепак се изборила на тој трновит пат и сега може да се пофали со фактот дека нејзините песни се слушаат на секоја веселба.
# Емина Јаховиќ отсекогаш се занимавала со јавна работа
Пејачката отсекогаш сакала да биде позната, па така за време на средното училиште, хонорарно работела на една телевизија, каде водела временска прогноза.
# Милан Станковиќ исто така бил во медицината
Како и неговата колешка Индира Радиќ, и Милан се занимавал со медицина, пред да се прослави во музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“ и да стане познат.
# Лепа Брена била дадилка
Пејачката денес важи за една од најбогатите жени на Балканот, но малку кој знае дека Брена, пред да стане позната, џепарлак заработувала како дадилка. Ни помалку, ни повеќе, таа била дадилка на денешната колешка Ана Штајдохар.
фото: Принтскрин / Инстаграм