Пејачката Били Ајлиш проговори за својата сексуалност: „Да, сакам девојки“
Шпекулациите, па
дури и обвинувањата дека Били Ајлиш е бисексуалка, се појавија уште од
нејзиниот спот за Lost Cause од 2021 година. Таа тогаш во описот на Инстаграм
со слики од зад сцената напиша: „Сакам девојки“, што го потврди неодамна.
„Никогаш не чувствував дека можам да се поврзам со девојки“, рече сега Ајлиш. „Ги сакам многу. Ги сакам како луѓе. Ме привлекуваат луѓе. Навистина ме привлекуваат. Физички ме привлекуваат. Но, јас сум и заплашена од нив и нивната убавина и нивното присуство“, објасни таа.
Таа додаде дека никогаш не се чувствувала како жена.
„Никогаш не се чувствував пожелно. Никогаш не се чувствував женствено. Морам да се убедувам себеси дека сум згодна девојка. Се идентификувам како „таа“ и слични работи, но никогаш не сум се чувствувала како девојка“.
Неодамна раскина со своето момче Џеси Радерфорд (32), по музичкиот фестивал Коачела во април.
„Можеме да потврдиме дека Били и Џеси спогодбено се разделија и останаа добри пријатели“, изјави тогашниот ПР на пејачката за Page Six.
За потсетување, нивната љубовна приказна започна во октомври 2022 година, а на јавноста и беше откриена на Инстаграм во ноември истата година.
Фото:Instagram