Пејачката сподели убави вести: Хелси наскоро ќе стане мајка

Пејачката сподели убави вести: Хелси наскоро ќе стане мајка

Објавена во: Совети // Семејство

Уморни од лошите вести кои не опкружуваат и оваа година, еве една добра: пејачката Хелси објави дека е бремена! Како што пренесува „Е!“, Хелси очекува дете со сценаристот Алев Ајдин. Таа сподели објава на Инстаграм, на која сподели неколку интимни фотографии на кои нејзиниот труднички стомак е во преден план. Фотографиите ги направи познатиот фотограф Сем Демешек.

Хелси немаше многу што да каже, па во описот на фотографиите едноставно напиша „Изненадување“, а ова зборче го збогати со неколку емокони.

Секако, реакцијата на публиката беше исклучително позитивна, па Хелси стана хит на Твитер, а нејзиниот пост на Инстаграм е преполн со позитивни коментари. Таткото на детето и нејзиното момче, Алев искоментира: „Моето срце е исполнето, те сакам душо“. Неговиот коментар не помина незабележано, па Хелси слатко му одговори со: „Те сакам тебе и ова мало човече во мене“.



Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: