Пејачот откри кој му е еден од најважните датуми: Знаете ли кое е преслаткото момче на фотографијата?
Овој детаљ го откри во објавата за најважната жена во животот...
Во семејството Роквиќ пред неколку дена имаше навистина голем повод за славење. Имено, Славица Роквиќ, сопругата на Маринко Роквиќ и мајката на Никола и Марко Роквиќ го прослави својот роденден, а еден од нејзините синови по тој повод ѝ посвети емотивна објава.
Никола, на својот профил на Инстаграм објави неколку фотографии, а првата беше од неговото рано детство на која мајка му го држи во раце.
„Ти благодарам мајко на љубовта, радоста, верата и надежта! Ти благодарам мајко на воспитувањето, ти благодарам на сè што си скрати од себе за да ни дадеш на нас“ - напиша Никола, па продолжи:
„Ти благодарам што си наш херој на љубовта и милоста! Ти благодарам што си силна. Да ни живееш уште толку.“