Пекол поради глупост: Тинејџерки запалија 200 тони сено снимајќи видео за ТикТок
Две девојки во Русија запалија скоро 200 тони слама, предизвикувајќи голема штета, додека се обидуваа да снимаат видео за ТикТок.
Полицијата соопшти дека пожарот излегол од контрола откако биле запалени индивидуални парчиња слама, пренесува новинската агенција Дпа. Се вели дека околу 195 тони слама биле изгорени во рурална област недалеку од градот Перм, околу 1.200 километри источно од Москва.
Двете девојки избегале откако пропаднале нивните обиди да го изгаснат огнот. По кратко време, тие ѝ признале на полицијата дека снимале видео за Тикток кога се случил инцидентот.
извор:srbijadanas.rsфото:profimedia