Пепа Прасе ја подели публиката: Популарниот цртан за првпат прикажа истополов брак

Пепа Прасе ја подели публиката: Популарниот цртан за првпат прикажа истополов брак

Објавена во: Stars // Филм

Реакциите се бурни...

Пепа Прасе сигурно е еден од најомилените цртани херои ширум светот.

Оттука можеби и не е изненадувачки фактот што одлуката за прикажување на истополова двојка во цртанот предизвика различни реакции.

Во текот на епизодата под назив „Семејство“, како што пренесува „Би-Би-Си“, Пепа Прасе се запознава со новата другарка Пени, чии мајки се поларни мечки.

Додека го црта портретот од своето семејство, Пени објаснува: „Живеам во мама и другата мама. Едната мама е лекар, а другата готви шпагети“.

Цртанот, чии автори се британските аниматори Марк Бејкер и Невил Астли, се прикажува од 2004 година.

Ова е првпат за 18 години во серијата да биде прикажан истополов пар.

Пред две години, во Америка беше покрената онлјан петиција во која се бара во цртанот да се воведат „ликови од истополови семејства“. Собрани беа скоро 24.000 потписи.

„Децата кои го гледаат Пепа Прасе се во години кога впиваат сѐ“ - напишаа авторите на петицијата, а потоа додадоа:

„Со исклучувањето на истополови семејства во омилениот цртан ги учи дека само самохраните или семејствата со родителите од различен пол се нормални“.

Роби де Сантос, директор за комуникација и надворешни работи во ЛГБТ организацијата „Стоунвол“, исполовата двојка во популарниот цртан ја опишува како „фантастичен момент“.

„Многу деца кои го гледаат цртанот ќе имаат две мајки или двајца татковци и тоа ќе им значи многу на родителите и децата, бидејќи нивното искуство ќе биде претставено во познатата детска програма“ - кажа тој за „Би-Би-Си“.

Пепа Прасе не е прв детски цртан во кој се прикажани истополови двојки.

Во американскиот цртан „Артур“, чија целна група се деца од 4 до 8 години, во 2019 година беше прикажана геј венчавка.

„Лезбејки во Пепа Прасе... зарем детските програми не може едноставно да бидат за деца?“ - напиша еден од бесните корисниците.

Други пак, имаа поинаков став, а еден од нив напиша: „Кој би кажал? Моите деца ја изгледаа епизодата со истополова двојка и светот не се сруши“.

фото: Принтскрин / Јутјуб

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: