Пери Едвардс во апсолутно природно издание без шминка: Конечно ѝ се гледа еден детаљ на лицето (ФОТО)
Ваквите фотки, фановите ги обожаваат...
Иако „Little Mix“ повеќе не постои, Пери има армија фанови кои постојано ја следат секоја нејзина објава. Моментално најмногу се има посветено на семејниот живот, но нема сомнеж, музичката кариера на оваа пејачка уште не е завршена.
Пери моментално е на одмор со своето семејство! Иако е од Англија, каде времето сега е студено и врнежливо, таа побегна во топлите краеви и со сонча со бикини. Тоа е живот! Се гледа дека ужива, а помеѓу последните фотографии кои ги објави, на фановите особено им падна во око онаа на која нема шминка. Изгледа поинаку од она на што сме навикнати, но позитивно поинаку.
Во коментари може да се воодушевувањето. Фановите на сите познати личности посебно сакаат кога тие ќе објават фотографии без шминка и кога ќе покажат како навистина им изгледа лицето. Пери сме навикнати да ја гледаме во вакви гламурозни изданија.
Сепак, реална е и кога е одмор, на плажа, не се шминка. Единствена „шминка“ која ја има на новите фотки се вештачките трепки. Се гледа дека ѝ се понагласени и дека нема шанси да изгледаат така доколку се во природно издание. Но, сѐ останато ѝ е природно. Сврти до 9-тата фотка и ќе ја видиш и ти фотографијата со која ги освои своите следбеници.
Воодушевени се од пегите! Инаку, не се забележуваат кога има многу шминка, а многумина не знаеја и дека ги има толку многу. Изгледа преслатко!
фото: Принтскрин / Инстаграм