Пет генијални трикови за одржување на белите патики

Пет генијални трикови за одржување на белите патики

Објавена во: Мода // Moj стил

За да може белите патики што подолго да бидат бели потребно е да ги чувате на посебен начин. Ова се добро испробани совети, кои сигурно ќе ви помогнат во тоа:

# Никогаш немојте да ги перете во машина

Белите патики никогаш, ама баш никогаш не ги перете во машите за перење алишта. Дури и најнежната програма може да ги оштети, затоа перете ги рачно.

# Лакот е спас

Гребаниците и малите набори најбрзо ќе ги „поправите“ со бел лак за нокти. Така во истата секунда ќе ги сокриете оштетените делови.

# Помош околу мрсните дамки

Доколку случајно застанете во масло за автомобили - тајната е во шампонот, старата четка за заби и топла вода. Нежно отстранете ги дамките со четката и патиките ќе бидат како нови.

# Помош од кујна

Оцетот е „магично средство“ за отстранување на дамки. Со помош на крпа и оцет и нежно триење исчистете ги патките. За светнат во истиот момент.

# Никогаш не ги оставајте директно на сонце

Поради сонцето белите патики може да пожолтат, а тогаш им нема спас.


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: