Пет моменти кои ја одбележаа љубовта на Вељко и Богдана: Бројот 24 ги следи од почетокот на врската (ФОТО)
Приватниот живот на наследникот на Цеца и неговата избраничка постојано е под лупа на јавноста...
Вељко и Богдана Ражнатовиќ вчера пославија пет години од љубовта. Наследникот на фолк пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ и некогашната кошаркарка до Тител се венчаа кратко по запознавањето, а во 2020 година станаа родители на малиот Жељко, кој името го доби по таткото на боксерот. По повод јубилејот на Ражнатовиќ, ве потсетуваме на некои од најубавите моменти, кои ги одбележаа изминатите пет години од нивната љубов.
# Бајковита венчавка
Богдана и Вељко се заколнаа на вечна љубов на 24 ноември 2019 година во Храмот Свети Сава, а овој датум не е случајно избран. Имено, во 2019 година се навршија точно 24 години од денот кога неговите родители, Цеца и Жељко Ражнатовиќ го кажаа судбоносното „да“, но тоа не е се. Богдана стана госпоѓа Ражнатовиќ на 24 години. Спектакуларната прослава беше организирана во еден луксузен хотел, со околу 500 гости.
# Раѓањето на првото дете
На 3 јуни во една приватна клиника во Белград, на свет дојде нивниот наследник Жељко. Бебето тежеше 3,360, беше долго 53 сантиметри, и доби оценка 10. Богдана се породи со царски рез, а ја породи доктор Миленко Пророчиќ, кој исто така два пати ја пораѓаше Цеца.
# Првиот роденден на малиот Жељко
Првиот роденден на малиот Жељко секако бил најсреќниот ден во семејството Ражнатовиќ. Прославата беше организирана во еден ресторан во српската престолнина и сѐ беше со лавови. Славеникот со воодушевување следеше сѐ што се случува околу него, а атмосферата на забавата била за паметење.
# Веста за проширувањето на семејството
Изминатата година беше значајна за двојката, бдиејќи тогаш открија дека по вторпат ќе се остварат во улогата на родители. Имено, Ражнатовиќ на 7 октомври заедно со остатокот на светот дознаа дека Жељко ќе добие брат, на кој одлучија да му го дадат името Крстан, а среќата и задоволството по овој повод не ја криеше младиот боксер.
„Се чувствувам како и првиот пат, само уште поблагословено. Му благодарам на драгиот Бог. Не можам да кажам дека тоа не ми дава ветар во грб, но со сила се раѓаш или не, тоа е просто така“ - призна Вељко тогаш и откри зошто Богдана и тој се одлучиле за ова ретко, но убаво име.
„Крстан е посебно старо српско име. Уникатно е, не е често, што е секако уште подобро за нас. Јас сум Вељко, и никогаш не ме викаа по прекар, па сметам дека ниту мојот син нема да има прекрар. Крстан е доволно“.
# Првиот заеднички имот
Покрај својата примарна професија, боксот, Вељко никогаш не криел дека себе и своето семејство го гледа на село, далеку од градската бучава. По тој повод, Вељко купи огромен плац во селото Стара Божурна, на кој е изграден објект кој има повеќе од 5.000 квадрати.
„Овој плац сигурно го платил 30.000 евра, не може секој да си ја дозволи оваа голема фарма. Внатре има многу свињи и прасиња, купи и коња, а во сето тоа вложил уште најмногу 20.000 евра. Имаат луѓе кои доаѓаат и водат сметка за сѐ. Не сум љубоморен, мене ми е драго што се тука, секако не би имал пари да го купам тоа. Подобро што го купи тој, па вложува во него, наместо да пропаѓа“ - зборуваше тогаш за медиумите добро известен сосед.
фото: Принтскрин / Инстаграм