Пет совети кои е важно да се следат за сигурно носење на дневните хигиенски влошки
Дневните хигиенски влошки за многу припаднички на понежниот пол се дел од личната хигиена, особено пред и по завршувањето на ментруалниот циклус, кога уште постои слабо крварење или исцедок. Постојат неколку факти и совети кои е важно да се знаат и да се следат за користењето на дневните хигиенски влошки да биде сигурно и правилно, а може да ги прочитате во продолжение.
# Пред да ја ставите хигиенската дневна влошка, добро измијте ги рацете за да спречите пренесување не штетни бактерии. Измијте ги рацете и по ставањето на влошката.
# Пожелно е да се користат оние без мирис, за да се намали секоја можност за вагинално чешање или воспаление.
# Дневните хигиенски влошки менувајте ги на секои 5 часа. На тој начин ќе ја задржите свежината и чистотата и ќе ги спречите можните инфекции.
# Немојте да спиете со дневна хигиенска влошка, бидејќи кожата во текот на сонот мора да дише.
# Доколку имате чувствителна кожа, ве советуваме да користите дневни влошки со екстракт од памук. Таквите влошки се доволно нежни за секојдневна употреба и нема да ја иритираат вагината.
фото: Shutterstock