Петар прв гостин во новата сезона на „90 секунди“ кај Стефонатор: Открива што му е поомилено - хамбургер или бурито?

Петар прв гостин во новата сезона на „90 секунди“ кај Стефонатор: Открива што му е поомилено - хамбургер или бурито?

Објавена во: Stars // YouTube видеа

Четвртата сезона од емисијата „90 секунди“, која може да ја гледате на Јутјуб каналот на Стефонатор ја отвори момчето кое стана навистина познато по неговите изјави на темата извидништво.

Откако видеото во кое Петар зборуваше за извидништвото се прошири со брзина на светлината низ целата држава, на социјалните мрежи се појавија безброј мемиња кои ја опишуваа неговата изјава, а тој буквално преку ноќ стана ѕвезда.

Сега, скоро еден месец подоцна, едно видео со Петар повторно стана вирално. Имено, познатиот јутјубер Стефонатор, четвртата сезона од емисија „90 секунди“ ја отвори токму со него.

Во видеото кое трае околу 2 минути, Петар откри многу интересни детали и одговори на многу прашања кое воедно ја интересираа и јавноста. Од која е Снеже, па сѐ до тоа кое јадење му е поомилено - хамбургер или бурито.

Во продолжение погледнете го видеото и слушнете што сѐ му откри Петар на Стефонатор:


Објавена во: Stars // YouTube видеа

Можеби ќе ве интересира: