Петгодишни близнаци се венчаа, поради суеверие: Свадбата не може да почека или некој од нив ќе умре од ужасна смрт

Петгодишни близнаци се венчаа, поради суеверие: Свадбата не може да почека или некој од нив ќе умре од ужасна смрт

Објавена во: Совети // Семејство

Според тајландското суеверие, машките и женските близнаци мора да се венчаат што е можно поскоро или еден од нив ќе умре од ужасна смрт.

Петгодишни близнаци ја прославија својата венчавка во Анг Тонг, Тајланд. Церемонијата била договорена за близнаците да се „прочистат“ од гревовите од претходните животи, пишува Дејли Мејл.

Според суеверието кое владее таму, машко и женско близначе мора да се венчаат што е можно поскоро или еден од нив ќе умре од ужасна смрт. Така, кога овие близнаци биле доволно зрели, барем онолку колку што нивното семејство мисли дека се, семејството организирало свадба.

Според тајландските верувања, близнаците од спротивен пол споделуваат длабока врска како љубовници кои не можеле да бидат заедно во нивните минати животи. Близнаците мораат да се венчаат за да ги измамат злите духови, кои потоа мислат дека близнаците се навистина љубовен пар и на тој начин се ослободуваат од лошата среќа.


Неофицијална церемонија

Церемонијата не е официјална, но изгледа како вистинска тајландска свадба, вклучувајќи прошетка низ улиците, како и игра во која младоженецот мора да помине низ девет порти за да стигне до невестата. Младоженецот морал да плати во пари и злато за да може да се ожени со својата сестра.

По свадбената церемонија се очекува и двајцата близнаци да наполнат старост и да уживаат во животот.

Фото: Притскрин
Извор: www.kurir.rs

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: