Петгодишно момче поради гушење завршило во болница: Шокантната рендген снимка се гледа што голтнало (ФОТО)

Петгодишно момче поради гушење завршило во болница: Шокантната рендген снимка се гледа што голтнало (ФОТО)

Објавена во: Живот // Живот

Освен на играчките и сличните опасни предмети, би требало да внимавате и на храната која му ја послужувате на детето, поради опасност од гушење...

Пожелно е да сте внимателни и кога е во прашање храната која ќе се најде пред вашето дете. Меѓутоа, грозјето е овошје кое е познато по тоа што децата може да се задават од него. Поради својата форма и големина, лесно може да се заглави во дишните патишта на децата.

Во случајот со ова дете, бобинката од грозје му се заглавила во душникот, помеѓу гркланот и градната коска. Неговата мајка, Анџела Хендерсон ја споделила рендген снимката од своето дете на Фејсбук страницата „Finlee and Me“, со цел да ги предупреди родителите да внимаваат кога им даваат одредена храна на своите деца.

Во својата објава напишала: „Знаете ли што е тоа на рендгенската снимка? Грозје!“.

Овој пат момчето имало среќа што дел од неговиот душник сепак останал слободен, па можело да дише. Без оглед на тоа, морале да го стават под анестезија за да ја отстранат бобинката.


фото: Принтскрин / Фејсбук

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: