Петгодишно момче за малку ќе се задушeло поради ова овошје: Оваа храна може да биде опасна и за кучиња, а еве зошто

Петгодишно момче за малку ќе се задушeло поради ова овошје: Оваа храна може да биде опасна и за кучиња, а еве зошто

Објавена во: Совети // Семејство

Како што е неопходно да се внимава на некој предмет со кој детето си игра на одредена возраст поради можноста да го стави во уста и на тој начин да се стави во опасна ситуација, така посебно внимание треба да се посвети и на храната, бидејќи таа, исто така, може да предизвика задушување.

Децата се љубопитни и непромислени, а во процесот на запознавање на светот околу нив, често имаат потреба да ставаат одредени предмети или храна (која не би требало да ја јадат во одредени години) во устата. А една мајка на Фејсбук објави видео од својот петгодишен син кој поради грозје завршил на Итна помош.

Грозјето е овошје кое треба да се избегнува да се дава на помали деца. Поради својата форма и големина, лесно може да се заглави во дишните патишта на децата.

Во случајот со ова петгодишно дете, зрно грозје му се заглавило во душникот, меѓу грлото и градната коска, па тоа завршило во болница.


Неговата мајка Анџела Хендерсон сподели рендген на своето дете на Фејсбук страницата „Finlee and Me“ за да ги предупреди родителите да внимаваат кога им даваат одредена храна на своите деца.


Грозјето може да биде опасно и за кучињата

Јадењето грозје, дури и во мали количини, е особено опасно за кучињата.

Кај нив тоа доведува до забавување на бубрезите и намалено производство на урина, а може да биде и смртоносно. Во првите неколку часа може да се појави повраќање и дијареа, заедно со слабост и некарактеристична смиреност, дехидрација и стомачни болки за кучето. 

Ваквите случаи се потврдени во ветеринарната пракса, иако се‘ уште не е научно утврдено зошто се случува тоа.

Ако кучето јадело грозје, треба итно да го натерате да повраќа додека не се апсорбираат токсините од грозјето.

Повраќање не треба да се предизвикува ако кучето е во несвест, има тешкотии со дишењето или има знаци на тежок шок.

Активниот јаглен исто така може да биде корисен, а без разлика дали вашето куче повраќало, треба веднаш да се однесе на ветеринар, бидејќи ќе му треба лекарска помош, можеби гастрична лаважа или инфузија.


Фото: Фејсбук/unsplash

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: