Петнаесетгодишно девојче ја претепало својата мајка, бидејќи не ѝ дозволувала да се вклучи Интернет

Петнаесетгодишно девојче ја претепало својата мајка, бидејќи не ѝ дозволувала да се вклучи Интернет

Објавена во: Живот // Живот

Девојче (15) години од Славонија завршило на суд, бидејќи ја нападнало својата мајка, во како што тврди мајката, алкохолизирана состојба, откако се вратила дома и ја разбудила за да ѝ вклучи Интернет, пишува „danica.hr“.

Кога мајка ѝ ѝ кажала да оди да спие, бидејќи е доцна, малолетничката почнала да ја навредува, а кога мајката седнала на кревет, малолетничката ја удрила во главата, по што земала стаклена чаша која стоела на креденецот покрај креветот и ја погодила мајката во пределот на главата, односно челото, се наведува во пресудата на прекршочниот суд.

Оваа ученичка во прва година средно училиште досега не била казнувана, поради што судот врз основа на Прекршочниот законик, наместо казна ѝ изрекол судска опомена, бидејќи „може да се заклучи дека и со ова ќе се постигне целта на воспитна мерка“.

„Судот врз основа на Прекршочниот законик, судот на малолетната М. ѝ укажал на социјална недозволивост и штетност на нејзиното однесување и ја предупредил дека во случај на повторни прекршоци може да ѝ изрече построга санкција“ - заклучил судијата за прекршоци.

фото: freepik.com

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: