Пике бесен на Шакира по нејзиното интервју: „Таа глуми жртва во нејзините изјави“

Пике бесен на Шакира по нејзиното интервју: „Таа глуми жртва во нејзините изјави“

Објавена во: Живот // Живот

Пејачката Шакира и фудбалерот Жерар Пике неодамна ставија крај на 12-годишната врска, во која ги добија синовите Милан и Саша.

Како главна причина за раскинувањето се споменуваше наводното неверство на Пике, а по веста за раскинувањето на нивната врска, светските медиуми постојано пишуваа за нивната турбулентна врска.

Популарната пејачка неодамна во интервју за магазинот „Elle“ зборуваше за семејството и бракот.

„Можам само да кажам дека вложив се што имав во оваа врска и моето семејство. Пред моите деца да тргнат на училиште, водев номадски живот. Отсекогаш живеев како уметник, патувајќи без престан, одејќи по различни делови на светот, на турнеи, настапувајќи, промовирајќи се... Но, на крајот на 2014 година знаев дека морам да ставам сè на втор план и ја ставив мојата кариера во друга насока. Знаев дека морам да се смирам, да „пуштам корени“ во Барселона и да бидам таму за Милан и Жерар, а подоцна и за Саша“, изјави Шакира.

Наводно, нејзиното интервју го налутило фудбалерот, кој смета дека пејачката „игра жртва“, како што изјавил извор близок до славниот пар.

Сите што го познаваат знаат дека и кога ќе излезе на забава и ќе испие една чаша повеќе, тој сепак останува одговорен во извршувањето на деловните задачи и се грижи за своето семејство“, изјавил изворот за медиумите, додавајќи:

„Ги носи своите деца на училиште, воннаставни активности, екскурзии итн.“ Слободното време целосно им го посветува. Тој е бесен на Шакира затоа што се претставува како некој кој ја запоставил кариерата за да се грижи за своите деца и да даде добар пример“.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: