Пит бул ѝ ја одгриза горната усна и ѝ направи пекол од животот: Начинот на кој излезе на крај со оваа трагедија е неверојатен
Ноември 2020-та година беше пресвртница за младата скејтбордерка Бруклин Кари која ја загуби целата горна усна поради напад во пит бул. И покрај сето ова, таа продолжува да се бори. Ова е нејзината приказна.
Бруклин Кари играше со питбулот на нејзината братучетка. Навидум мирното куче само скокна и како гром од ведро небо, ѝ ја гризна горната усна.
Смирена и сталожена, таа се упати директно кон болницата, надевајќи се на брза поправка на горната усна.
Фотографии по несреќата и закрепнување
Хирурзите дадоа сѐ од себе, но нејзината повредена усна не преживеа. Таа го извади телефонот само за да направи брза проверка на изгледот, и имаше што да види. „Знаев дека е лошо, но не знаев колку е лошо“, рече таа.
Сега, Кари не е вашата просечна девојка на социјалните мрежи. Таа сака да биде вистинска и искрена. Во една објава таа сподели: „Не знам како да го објаснам начинот на кој се чувствувам кога ќе се погледнам во огледало. Како да сум странец, отелотворен во некој што го познавав претходно“. Сѐ што ѝ се случи решила да сподели на Инстаграм. „Кога ме нападнаа, беше толку тешко да се види што ми носи иднината“, продолжи таа.
Таа изрази благодарност за оние кои ја потсетија да му верува на процесот. Иако признала дека ѝ било тешко да си го види лицето по операцијата, сепак успеала да ја прифати новата верзија на себе.
Зборувајќи за храброста, Бруклин не дозволи нејзината повреда да ѝ го прекине животот. Инстаграм стана нејзино платно, каде отворено зборуваше за подемите и падовите. „Падови?“, „Недостатоци?“, таа го изложи сето тоа, одбивајќи да се откаже. Таа се бори против совршената слика што животот ја проектира на социјалните мрежи и избира да се прегрне онаква каква што навистина е.
Таа одби да дозволи нејзината повреда да ја победи.
Сè уште на операции, тоа секако не ја спречува да слави и да ја истакне својата женственост. Посетувајќи ја Сефора за да ги испроба новите сјаеви за усни, Бруклин ја сподели својата спонтана радост со светот.
Животот на Бруклин е сè подобар бидејќи сега е во врска со актерката Клои Лукасијак. Таа објави фотографија од нив двете на социјалните мрежи и напиша: „Оваа година, поради тебе, беше убедливо најдобрата година во мојот живот“.
Бруклин не го споделува своето патување само за другите да го видат. Таа ги користи своите платформи за да им помогне на другите. Таа ја отвори вратата на нејзиниот Инстаграм, испраќајќи повик до секој што се соочува со пречки. „Ако поминувате низ нешто физички или психички или едноставно ви треба некој со кого да разговарате, јас сум тука“, рече таа.
Трогателна приказна, таа нè учи на една вредна работа, а тоа е никогаш да не се откажуваме во животот, дури и кога сè изгледа изгубено. Бруклин Кари е доказ за тоа.
Извор: стил.курир.рс