Плачев од тага, пријателката ме тешеше: Адел конечно го објави точниот датум на објавување на новиот албум
Новиот албум на Адел со назив „30“ светлината на денот ќе ја здогледа за нешто повеќе од еден месец...
Дебитантскиот албум на познатата пејачка е објавен во 2008 година и тогаш го носеше називот „19“. Три години подоцна, Адел го издаде албумот „21“, а во 2015 албумот „25“. По долгата медиумска пауза, пејачката ги воодушеви бројните обожаватели со фотографиите за насловната страница на магазинот Вог.
Тоа значеше дека Адел се враќа во полн сјај, а на Инстаграм профилот ја објави и насловната страница од албумот кој следува. Иако своите обожаватели долго ги држеше во неизвест, Адел потврди дека албумот ќе се вика „30“ и дека ќе излезе на 19 ноември. Пејачката објасни дека „никогаш не се чувствувала помирно“ и дека поради тоа конечно е подготвена на публиката да ѝ ги претстави новите песни.
Освен тоа, Адел откри дека за време на создавањето на овој албум, многу ноќи поминала „плачејќи, исцрпена од тагата, додека се трудела да се помири со фактот дека нејзиниот брак се распаѓал“. Разводот од Сајмон Конецки ѝ бил инспирација за новиот албум.
„Сигурно не бев ни близу до она на што се надевав кога го започнав сево ова пред скоро три години. Всушност, сосема спротивното. Се потпирам на рутината и доследноста за да се чувствувам посигурно, исто како и секогаш. Па сепак, свесно, а можеби и доброволно, се фрлив во лавиринтот од апсолутен неред и внатрешни немири. Научив бројни прекрасни вистини за себе.
Тргнав многу слоеви од себе, но и се замотав и во нови. Открив некои навистина корисни и здрави материјали со кои би можела да започнам, но и чувствував дека конечно повторно го пронајдов она свое чувство. Би отишла толку далеку што би кажала и дека никогаш во животот не сум се чувствувал толку мирно“ - напиша Адел.
„И така, подготвена сум конечно да го најавам овој албум. Тоа беше моето „прашање на живот или смрт“ во најтурбулентниот период во мојот живот. Додека го пишував, пријателката ми доаѓаше со шише вино и храна за да ме развесели. Мојата мудра пријателка која секогаш има најдобри совети. Да не заборавам и оние малку луѓе како „остави сè, живееш само еднаш“. Пријателка која ќе остане цела вечер будна и само ќе ме прегрнува додека немилосрдно плачам, не знаејќи зошто.
Тип на пријател кој би дошол по мене и би ме однел надвор од дома по доза витамин Д, покрај мојот отпор. Таа пријателка која би ми оставила весник, би ми ставила маска за лице и малку сол за капење, само за да се чувствувам сакано и притоа ме потсетуваше, не само кој месец е, туку и на важноста на грижата за себе. И потоа таа пријателка која ме проверуваше и посетуваше дури и кога престанав да ѝ се јавувам, бидејќи толку многу се натопив со сопствената тага. Од тогаш макотрпно го обновував своето срце и овој албум го докажува тоа. Домот е таму каде што е срцето“ - порача Адел, која моментално е во врска со Рич Пол.