Пластичната хирургија прави чуда: Ким Кардашијан пред 25 години била само девојче со шноли во косата

Пластичната хирургија прави чуда: Ким Кардашијан пред 25 години била само девојче со шноли во косата

Објавена во: Живот // Живот

Фотографијата која си ја сподели сама, предизвика лавина коментари...

Денес целиот свет знае за кланот Кардашијан, додека пред 25 години, самата Ким не ни претпоставувала колку ќе биде популарна. Веќе неколку години се зборува за трансформациите што ги направија популарните сестри и дека тие повеќе не личат на себе.

И дали е така, најдобро зборува една од фотографиите што Ким ги сподели.

Со своите 202 милиони следбеници, таа сподели фотографија направена во 1996 година и на која изгледа сосема поинаку.

На фотографијата, младата Ким има само 16 години, облечена е во обична маица и кратко здолниште, а кратката коса ја има украсено со шноли.

„1996 година! Ѓердан и шноли за мене“ - напиша кратко покрај фотографијата.



Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: