Платете за да видите стори: Инстаграм почнува да ја тестира функцијата претплата за креаторите на содржини

Платете за да видите стори: Инстаграм почнува да ја тестира функцијата претплата за креаторите на содржини

Мал број на инфлуенсери сега може да ги сокријат своите сториња или вклучувања во живо зад наплатниот ѕид...

Креаторите на содржини на Инстаграм добиваат уште еден начин за да остварат приход од платформата и тоа преку преплата. Само мал број инфлуенсери во САД засега имаат пристап на оваа функција, бидјеќи Инстаграм уште ја тестира.

На почетокот ќе може да ставаат некои вклучувања во живо и сториња зад наплатниот ѕид (paywall). Тие сториња, кои може да се зачуваат само за претплатниците, имаат виолетов прстен за да се истакнат, кажа шефот на Инстаграм, Адам Мосери.


Како и кај „Twitch“ и „Youtube“, претплатниците ќе добијат виолетов знак покрај своето корисничко име. Креаторите може да ја видат значката во коментарите, пораките и слично. Како такви, тие ќе може да посветат повеќе внимание на претплатниците, секако ако сакаат, пренесува „Engadget“.

Креаторите ќе може да постават месечна цена по свој избор, а следбениците може да се претплатат преку опцијата која ќе се појави на нивниот профил. Инстаграм планира да го прошири тестот на повеќе креатори во следните месеци, а матичната компанија Мета порано кажа дкеа нема да им зима ниту дел од заработка, најмалку до 2023 година.


Можеби ќе ве интересира: