
Play-Doh те кани на креативна авантура во Скопје Сити Мол!
Од 22 февруари до 2 март, секој денна приземјето на Скопје Сити Мол кај главниот влез ќе се претвори во свет на бескрајна фантазија и игра!
Децата (а и возрасните) ќе имаат можност да ја ослободат својата креативност, обликувајќи неверојатни фигури, херои, животни и цели светови – сѐ што ќе можат да замислат со магијата на Play-Doh.
Несекојдневна можност децата да истражуваат, да експериментираат и да создадат сѐ што ќе произлезе од нивната фантазија, уживајќи во Play-Doh предизвиците. Работењето со пластелин не е само игра – тоа е процес што ги поттикнува најважните развојни вештини кај децата. Со Play-Doh, секое дете станува уметник и творец на свој сопствен свет. Од животни до замоци, од роботи до омилените ликови – нема граници за фантазијата! Децата учат да се фокусираат, да експериментираат со нови идеи и да работат на своите креации додека не го добијат посакуваниот резултат. Играњето со различни бои, текстури и форми ги учи децата да експериментираат и да решаваат проблеми на креативен начин, а работењето во група им помага да соработуваат, да ги споделуваат своите идеи и да развиваат тимски дух.
Овој Play-Doh настан е идеална можност за секое дете да се изрази, да истражува и да научи нешто ново – и сето тоа додека се забавува!
Скопје Сити Мол и Play-Doh те очекуваат на незаборавниот креативен настан за сите деца што ќе трае цела недела, секој ден од 12:00 до 20:00 часот. Доаѓаш, нели?
Скопје Сити Мол - сѐ што сакам!
ПР објава