Племето го отфрлило и го оставило да умре, а потоа Ања му го спаси животот: Вака денеска изгледа момчето од сликата што го расплака светот
Фото: Facebook/Anja Ringgren Loven
Кога го однела во камп пред речиси седум години, мислела дека нема да преживее - Хоуп денес е здраво и среќно момче благодарение на Ања која низ годините им помогнала на голем број деца.
Поминаа речиси седум години откако една шокантна фотографија од Нигерија го обиколи светот. Сликата ја покажа данската хуманитарка Ања Рингрен Ловен и неухранетото и болно тригодишно момче, кое било оставено на улица. Таа му го спасила животот, а момчето кое го добило името Хоуп (Надеж), денес е здраво и среќно мало момче.
How it started How its going pic.twitter.com/xg78SeCoZq
— Fairy Gbemie (@Redmadewine3) June 18, 2022
Фотографијата на која Ања му дава вода е направена на 30-ти јануари 2016-та година, а за негова помош за краток период се собрани два милиони долари. Ања го однела момчето во кампот каде му била укажана помош, а неговата здравствена состојба била толку лоша што не се знаело дали ќе преживее.
Нигериското племе го избркало малото момче од заедницата, сметајќи го за вештер. Го отфрлиле и го оставиле да умре, сам, без храна, вода и облека.
Речиси седум години подоцна, Ања му е мајка, а момчето е здраво и среќно. Таа му помогна како што им помогна на многу деца во последните години.
Го доби името Хоуп и можност за сосема поинаков живот.
Извор: zena.blic.rs