Пливав со Александар Маленко: Миа Костова се пофали со Дипломата за најмлад пливач на маратон
Поранешната водителка на естрадниот магазин Бекстејџ, Миа Костова е една од најприсутните познати личности на социјалните мрежи. Секојдневно на својот Инстаграм профил споделува фотографии и видео, со кои ги забавува своите следбеници.
Последно во низата интересни видеа што таа ги постави на своето „стори“, беше она во кое откри дека на неполни 9 години била дел од Илинденскиот маратон во Охрид.
„Многу е симпатично кога имаш повеќе време и брцаш по фиоки, па наоѓаш некои работи што ептен те прават среќен. Ова е мојата диплома со која што онака најнескромно ќе се пофалам. Ова е диплома за испливан Илинденски маратон. Инаку маратонот го пливам на 2 август 1993 година, со неполни 9 години, нешто отприлика на возраст на Андрија. Маратонот, односно патеката е долга 2,5 километри, Горица - Охрид пристаниште и го пливам за час и три минути.“ - раскажува таа.
„Не е важно местото на кое стигнувам, затоа што ја добивам Дипломата за најмлад учесник, односно најмлад пливач дотогаш воопшто на Илинденскиот маратон во тоа време.“ - надополни Миа.
На крајот истакна уште една важна информација, а тоа е дека маратонот го пливала заедно со Александар Маленко.
„Многу е важно што пливам со Александар Маленко, замислете.“