По 14 години заробеништво познатата пејачка се фотографираше гола од сите агли, а луѓето ѝ порачуваат: Сега е доста - покриј се
Бритни Спирс не престанува да ги шокира следбениците на Инстаграм откако се ослободи од финансиското и деловно старателство кое беше во рацете на нејзиниот татко. Пејачката редовно објавува фотографии на кои е разголена, но најновите кои се направени на плажа ги оставија во неверување нејзините 40 милиони следбеници.
Во понеделникот Бритни објави три фотографии на кои позира без горен дел од костимот за капење, додека рацете ги прекрива со градите. Потоа отиде чекор понатаму и направи уште неколку кадри на кои е потполно гола.
За да ја избегне забраната на популарната социјална мрежа - меѓуножјето, задникот и градите ги сокрила со емотикон во форма на дијамант.
Покрај фотографиите објави и кратко видео на кое исто така полугола се врти низ песокот.
„Тоа, мамо“, „Уживај додека си слободна“, „Господе боже“, „Мислам дека ова сега е премногу“, „Девојко тоа што го правиш за почеток не е хигиенски“, „Сега навистина е доста. Жено, покриј се“ - се само некои од бројните коментари под фотографиите.