По 20 ноември треба да внимавате на овие два хороскопски знаци
Овен (21.03 – 20.04)
Сакате да бидете забележани и ќе направите се за да го постигнете тоа. Верувате дека ќе ве прифати некој со кој претходно сте соработувале, иако меѓувремено сте имале проблеми со некој Рак или Јарец, обидете се да ги средите проблемите без премногу нервоза. Добро се согласувате со оние кои се далеку поуспешни од вас и очекувате да ве поддржат. Периодов ќе разговарате за финансиската ситуација или зголемувањето на приходите.
Бик (21.04 – 21.05)
Ако планирате приватен бизнис за кој ви е потребна поддршка од членовите на фамилијата или ви е потребен кредит, ќе бидете во состојба да донесете одлука не размислувајќи за последиците и сите препреки со кои би можеле да бидете соочени. Не дозволувате никој на било кој начин да ве попречи во она што го планирате и поради тоа доаѓате во конфликт со оние кои се повозрасни од вас.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Вниманието ќе ви биде насочено кон финансиите и некакви сериозни акции и трансакции кои мислите да ги сторите или кон некакво вреднување на некакви нешта, можеби дури и личности, низ сериозни и конструктивни разговори или размена на информации. Во оваа смисла и едното и другото може да се комбинира поради сериозен разговор за некакви финансиски прашања со едниот родител. Исто така, вашата трудољубивост ќе биде во подем и тоа не само денес, туку и во следните неколку дена.
Рак (22.06 – 22.07)
Полека се подготвувате за нови и поризични потфати. Само храбро и ќе имате успех. Ви се допаѓа некој со кој работите на деловен план, односно ви се допаѓаат неговите идеи и замисли за во иднина. Ништо нема да се смени доколку не покажете повеќе храброст. Внимавајте на финансиите, секој денар е важен.
Лав (23.07 – 22.08)
Ова е ден во кој може да завршите многу работи или сериозно да размислите или пак да правите простор за некакви нови нешта, нови активности. Ова е ден на многу информации, многу можности за запознавања на нови лица, соработки кои ќе ви донесат поголеми приходи. Внимавајте на стајлингот, за да не бидете погрешно сфатени.
Девица (23.08 – 22.09)
Утрината ви е резервирана за некакви финансиски муабети, активности или дела, во зависност од тоа дали ви е тоа работа или се во прашање некакви приватни работи. Всушност, ваквите тенденции можат да ви се провлечат и целиот ден да го поминете во пресметување пари за други а не за себе, а попладнето ќе си овозможите дружба или мал шопинг, за свое срце и расположение.
Вага (23.09 – 22.10)
Брзи, подвижни, насекаде ве има, никнувате одненадеж, секогаш потребни и секогаш тука. Многу ентузијазам, завршување на работите бргу и експедитивно, ненормален број на контакти, посебно со помлади. Денес и во следните неколку дена ќе ве држи засилен ентузијазам и волја за заработување или постигнување некаков успех на финансиски план кој не е исклучен, напротив. Но морате да останете во реалноста и да ја контролирате мечтата, бидејќи се работи сепак за некаков ситен дневен успех на финансиски план.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Вашата финансиска ситуација веќе подолго време е лоша, но тоа не значи дека треба да паѓате во депресија. Соберете се и размислете како да заработите повеќе пари. Тоа е сто пати подобро отколку да се самосожалувате. Освтварете некои контакти со лица кои одамна не сте ги виделе и закажете состанок за идна соработка која за вас ќе биде повеќе од профитабилна.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Денеска ќе имате ненадејни финансиски проблеми. Веројатно некој деловен проект кој требало да ви донесе профит, ќе отиде во сосема друга насока. Ако сакате да ја поправите оваа ситуација, ќе мора да ризикувате и да ловите во матно. Побарате совет од најблиските, особено од некој Бик, тие знаат како да дејствуваат со пари, размислете разумно и пробајте да се извлечете.
Јарец (22.12 – 20.01)
Денес можно е да работите на две работи едновремено, да ја работите својата и да помагате некому во неговата, и тоа да го правите со леснотија, а притоа да имате неверојатна способност за забележување детали, ситници, кои на другите им промолкнуваат. Бидете одмерени во своите постапки, ви стои успех на деловен план по контактот кој ќе го остварите со некој близок пријател кој се наоѓа во странство.
Водолија (21.01 – 19.02)
Некакви социјални прилики, драми или пријатели ќе се обидат да ви ја намалат енергијата и веројатноста да успеат е голема, но можностите се такви со што лесно можете и вие да бидете тие што ќе предизвикате некаков мал скандал, расправија со пријател, или некакво ненадејно и брзо завршување на некои работи кои ги работите подолг рок. Можеби и некакви неповолности или опасности ќе бидат врзани за пријатели, кои можат да се случат ненадејно во утринските часови.
Риби (20.02 – 20.03)
Не навлегувајте во непотребни расправии бидејќи е истакнато асролошкото поле на јавноста и тајните непријатели. Многумина мислат дека се инаетите, но вие сте само принципиелни. Во попладневните часови би требало да се слушнете со некој Јарец, Шкорпија или Бик околу продолжување на соработката. Знаете добро што за вас би било најпрактично решение. Можно е среќавање со некоја Вага, Близнаците сакаат да ви помогнат да се снајдете на новата работа, но прашање е дали тие тоа го можат или само ќе ви попречуваат во она што го работите.