По долгата пауза, по втор пат се врати на Инстаграм: Марио Манов вели дека овој пат е засекогаш
Македонскиот инфлуенсер Марио Манов кој живее во Германија и кој со својата креативност и смисла за хумор брзо освои голема публика, токму во периодот на неговата најголема популарност, во 2021 година го деактивираше профилот на Инстаграм и направи повеќемесечна пауза од социјалните мрежи.
За 22-от роденден во февруари, Манов накратко се врати на оваа платформа, но набргу потоа повторно „исчезна“.
Пред десетина часа, Марио направи второ големо враќање на Инстаграм, објавувајќи фотка и неколку сториња со кои даде до знаење дека овојпат се вратил за да остане засекогаш, посилен од кога било.
За кратко време Манов собра над 8.000 лајкови на фотката, а доби и многу пораки за добредојде. Mанов беше особено познат по серијалот „Македонски мајки“ со кој забавуваше многумина, но дали повторно ќе се одлучи за ваков вид на инфлуенсерство и пружање забава, останува да видиме.