По драмата Шијакоска се повлекува од Инстаграм: Се извинувам на мама, тато, Едмонд и сите блиски (ФОТО)
Познатата македонска инфлуенсерка, Александра Шијакоска пред неколку дена стана мета на лоши коментари на социјалните мрежи. Имено, на Твитер се појави разговор кој таа го направила со корисничка на социјалната мрежа Инстаграм.
Овој разговор моментално не престанува да се шири на Твитер и сите со свој коментар го споделуваат истиот.
Буквално “дуки дасо” има 8 букви а ова есејов има еден куп, што кур ти е тешко да одговориш, или ич не одговарај и блокни. Ебате искомплексираните кренати инфлуенсерки https://t.co/5pCgWwgPfC
— хедонистичен (@crvenigjavolimk) November 22, 2022
Ова ја наведе Александра да донесе една драстична одлука - да се откаже од инфлуенсерството. За тоа се огласи преку стори на својот Инстаграм профил, каде ја напиша својата страна од приказната, поточно својата исповед.
„Македонче... Имам донирано над 500 пати, помогнато уште повеќе од 500, ЧУДНО, но никој не споделил да ме пофали. Без разлика, не го праев тоа за да ме тапне некој по рамо, туку затоа што така бев посреќна. Штом почнав да заработувам си ветив дека 10 или 20% од мојата заработка ќе оди кај луѓе на кои навистина им е потребно повеќе од мене, без притоа да споделам што сѐ добро сме направиле последните две години. За жал, поради мојата операција морав да го одложам и паузирам истото оваа година. На почетокот споделував, мислејќи дека ќе бидам инспирација за некого да помогне, но последните години престанав и тоа исто поради Македончето кое ќе каже ГО ПРАВИТЕ ОВА САМО ЗА ДА СЕ ПОФАЛИТЕ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ. Па направи го и ти и пофали се. Само направи го... Поентата ми е следна...“ - вака ја започна својата исповед, па продолжи:
„Пред два дена вратив на порака како што ми кажуваше душата во моментот, без притоа да навредам некој и да употребам некој погрден збор. Споделено на сите социјални мрежи, плукано, коментирано како да убив човек. Ах, бе Македонче, да споделуваше толку за да пофалиш нешто којзнае каде ќе бевме сега. На мојот профил секогаш прашувам кога ми треба нешто, па ме прашуваат и си имаме комуникација, ама тоа се луѓе кои ме следат и поддржуваат затоа постоеше профилот“.
„Како и да е... Знам дека ова им се случува на сите кои одлучиле да го работат ова и треба да се спремни на истото, но јас веќе немам сила за ништо од ова... Имам договори со неколку фирми, па морам да ги завршам до крајот на годината, затоа ќе морам да бидам тука уште еден месец. После тоа се повлекувам од „отровот“ пред и мене да ме отруе целосно. Должна сум на многу луѓе тука, ама должна сум и на родителите и блсиките кои за малку ќе ме изгубеа, а сега читаат одвратни коментари на социјалните мрежи. Се извинувам на тато, мама, Едмонд и сите блиски што ги внесов во оваа неблагодарна „инстаграм игра“ - ја заврши Шијакоска својата исповед.
фото: Принтскрин / Инстаграм