По два месеци новини: Што се случува со Лејди Гага и Бредли Купер?
Поминаа околу два месици откако Лејди Гага и Бредли Купер го срушија интернетот со својот генијален настап на Оскарите и тогаш сите зборуваа дека помеѓу нив двајца нешто се случува.
Но... изгледа дека сето тоа беа само гласини. Имено, од доделувањето на Оскарите, Лејди Гага и Бредли Купер воопшто се немаат видено, пишува Cosmopolitan.
Бредли се посветил на семејството, ќерката Леа и партнерката Ирина Шејк. „Откако заврши сезоната на доделување награди, Бредли секој момент го поминува со семејството. Најчесто тој и Ирина, ја носат Леа на разни активности на отворено, понекогаш шетаат и на плажа... Изгледаат многу среќно“ – раскажува извор близок на парот за People.
Секако дека мораа да се допрат со Гага. На прашањето поминуваат ли време заедно после се, изворот одговори – „Мислам дека Бредли воопшто не ја виде Гага после тоа. Цело време е со своето семејство“.
А, што се однесува до онаа хемија, искрите и наговестувањата помеѓу нив двајца, Гага во шоуто на Џими Кимел го изјави следното „Да, луѓето видеа љубов, а погодете што? Баш тоа сакавме да го видите“.