По две години врска раскинаа Кендал Џенер и Девин Букер: Откриена е причината за крајот на нивната љубов
Наводно пред една недела, двојката ставила крај на врската...
Врската на манекенката Кендал Џенер и НБА ѕвездата Девин Букер е завршена по две години, пренесува „Е! News“.
Изворот за „E!“ кажал дека Кендал почувствувала дека патиштата им се разидуваат, додека друг извор забележал дека манекенката и спортистот имале разговори за својата иднина, но не на иста страна.
Покрај тоа, „E! News“ во средата дозна дека Кендал и Девин неодамна имале тежок период и дека биле разделени нешто повеќе од една недела. Потпаролот на Кендал Џенер не одговорил веднаш на повиците на магазинот „People“, кои го побарале за коментар.
Кендал Џенер првпат беше поврзана со Букер во 2020 година. Тогаш беа забележани како патуваат во Седона, Аризона.
Двојката, на Денот на вљубените минатата година, официјално ја потврди врската, а Џенер и Букер тогаш ги споделија своите први фотографии. Подоцна, односно во јуни 2021 година прослави и една година од врската.
Неодамна беа видени заедно на венчавката на Кортни Кардашијан и Тревис Баркер.
Кендал отсекогаш ја чувала приватноста во врските, а ни нејзината врска со Букер не беше исклучок. Извори до познатата двојка тврдат дека Џенер и Букер „брзо запловиле во сериозна врска“.
„Кендал често го посетуваше во Феникс. Откако Девин ја заврши сезоната, остана со Кендал во Лос Анџелес. Цело лето го поминаа заедно и дури беа на одмор со Џастин Бибер и Хејли. Уште се млади, но сите навиваат за нив. Тие се прекрасна двојка“ - кажа изворот тогаш.
Пред нивната врска да стане романтична, Џенер и Букер се дружеа додека беа во други врски. Џенер и нејзиното тогашно момче Бен Симонс, беа на вечера со Букер и поранешната најдобра пријателка на Кајли Џенер, Џордин Вудс. Вудс и Букер очигледно се разделиле на почетокот на 2019 година.
На почетокот на 2022 година се шпекулираше дека Џенер и Букер ја подигнале врската на едно повисоко ниво.
Иако самата Џенер не носеше прстен, Букер носеше бурна која ја покажа за време на новогодишната прослава, по што некои обожаватели се посомневаа дека двојката запловила во брачните води.