По Инстаграм уште една платформа најавува слична опција: Ќе биде ли ова новиот ТикТок?

По Инстаграм уште една платформа најавува слична опција: Ќе биде ли ова новиот ТикТок?

Се појавуваат сѐ повеќе копии на ТикТок...

Со оглед на тоа дека се најавува укинувањето на ТикТок на американскиот пазар, другите социјални мрежи и платформи започнаа со креирање на свои опции слични на ТикТок. Инстаграм така го претстави новиот додаток „Reels“, а сега слично нешто најавува и Јутјуб.

Наскоро на Јутјуб освен добро познатиот облик на гледање видеа, ќе може да се гледаат и поинакви видеа, оние пократките, од по 15 - тина секунди, слични на оние какви што сега гледаме на ТикТок. Таа опција ќе се вика Јутјуб „Shorts“. Засега оваа опција премиерно е достапна во Индија, но ќе се прошири и во останатите земји со текот на времето, особено доколку се покаже како успешна. На Јутјуб „Shorts“ ќе може да се ставаат и гледаат видеа кои траат најмногу 15 секунди. Ќе биде многу слично на ТикТок, дури и по начинот на кој ќе може да се креираат видета.

@addisonre

i had to do it before my mom did.... goodnight dc @besperon

WAP(feat. Megan Thee Stallion) - Cardi B

И овде корисниците во позадина ќе може да користат различни песни од музичката библиотека на Јутјуб која има многу музика, а тој број ќе се зголеми со текот на времето. Судејќи по сево ова ова ќе биде подобро од ТикТок. Нема да недостасува ниту една популарна опција, а помеѓу ТикТок и „Reels“, најавено е дека послична ќе биде со „Reels“.


Можеби ќе ве интересира: