По крајот на бракот со Душко, Карлеуша со ќерките ја напушти Србија: За луксузното летување ќе плати околу 10.000 евра
Во прашање е хотелот „The Land of Legends Kingdom“, хотел со 5 ѕвезди, каде едно ноќевање чини околу 1.200 евра...
Пејачката Јелена Карлеуша пред неколку дена објави официјално соопштение дека се разведува од фудбалерот Душко Тошиќ, а веќе ја напушти Србија со ќерките Атина и Ника.
Имено, Јелена прво објави фотографија со наследничките, а потоа уште неколку на својот Инстаграм профил.
Пејачката очигледно одлучи по признанието дека се разведува, своите ќерки да ги однесе далеку од Србија, за да ги „сочува“ и заштити од разните шпекулации кои во последните денови може да се прочитаат во медиумите, а кои се поврзани за висината на алиментацијата и старателството над Атина и Ника.
Карлеуша отпатува за Турција, а судејќи по видеата, таа одбра едно од најлуксузните летувалишта на светот.
Во прашање е хотелот „The Land of Legends Kingdom“, хотел со 5 ѕвезди, каде едно ноќевање чини околу 1.200 евра.
Земајќи го предвид момент дека таму е со ќерките, и дека најверојатно ќе се задржат околу 10 дена, пејачката за ова патување ќе плати повеќе од 10.000 евра.
фото: Принтскрин / Инстаграм