По критиките: Кајли Џенер објасни зошто носела венчаница на овогодинешната Мет Гала

По критиките: Кајли Џенер објасни зошто носела венчаница на овогодинешната Мет Гала

Објавена во: Мода // Moj стил

Кајли Џенер можеби присуствуваше на Мет Гала без нејзината љубов Тревис Скот, но сепак изгледапе како невеста на свадба. 

По многуте критики за нејзиниот изглед за Мет балот, Кајли ја откри причината зошто се одлучила за венчаница од брендот Оф Вајт. 

За да му оддаде почит на основачот на брендот, Вирџил Аблох, кој почина во ноември минатата година.

„Вирџил и јас требаше да се појавиме заедно на Мет Гала пред да биде одложена во 2020 година“, напиша Кајли. „Прославувањето на неговото неверојатно наследство навистина ми значи цел свет. Почестена сум да го носам овој фустан и да и оддадам почит на мојот талентиран убав пријател. Те почувствувавме вечерва Верџил и ќе те сакаме засекогаш.“

Гласините за брак на Кајли Џенер и Тревис Скот се шират со години. Во март, Кајли предизвика нови шпекулации кога сподели снимка од нејзината рака со два блескави дијамантски прстени. Двојката почна да се забавува во 2017 година и има две деца: ќерката Сторми и тримесечен син чие име допрва треба да се открие (порано се викаше Волф, но родителите се премислија).


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: