По Лина и Антониа испеа песна од филмот „Тома“: Младата пејачка очекува оценка од мераклиите на кафана

По Лина и Антониа испеа песна од филмот „Тома“: Младата пејачка очекува оценка од мераклиите на кафана

Објавена во: Stars // Музика

Како што веќе пишувавме, филмот направен според животот на еден од најпознатите пејачи на народна музика Тома Здравковиќ направи вистински бум ширум регионот. Дека тоа е така, докажува и фактот што многу млади луѓе го изгледаа овој филм, а оние кои вообичаено не слушаат ваков жанр на музика, сега на цел глас ги пеат песните кој пејачот ги остави зад себе.

Откако, младата македонска пејачка Лина Пејовска отпеа две песни кои беа отпеани во филмот, сега истото го направи и Антониа Гиговска. Изборот падна „Поноч је“, песна која сега се пее во секоја кафана и се нарачува по неколку пати.

„Уште ми е еден од најубавите филмови“ - напиша Антониа покрај видеото, а потоа додаде: „Мераклии на кафана сакам оценка во кометар.“

Бројот на лајкови и коментари под видеото говорат за тоа колку е добра изведбата на пејачката, а доколку досега ја немате слушнато Антониа во вакво издание, направете го тоа - нема да се покаете.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: