По лудата прослава, Џеј Ло е на шопинг во Монако: Покрај тесниот бел фустна, на сите во око им падна еден детаљ посветен на Бен
Папараците ја уловија Џенифер Лопез за време на шопингот во Монако, а пејачката блескаше во летен бел фустан, додека околу вратот носеше ланче со името на Бен.
Џенифер Лопез го прослави својот 52-ри роденден на југот од Франција во прегратките на својот поранешен вереник и сегашен апртнер, Бен Афлек.
Двојката уживаше во романтичните моменти на јахтата вредна 130 милиони долари, а потоа следуваше луксузна и луда забава со торта на три ката и многу шампањ, а славеничката Џеј Ло ги израдува сите кога ја објави првата фотограгија со Афлек.
Само еден ден подоцна, Џеј Ло е видена во Монако каде беше на шопинг во тесен мини бел фустан, додека се криеше под шешир.
Еден детаљ посебно им падна на сите во око, а станува збор за златно ланче на кое го пишува името на нејзиното ново момче, со кое на изненадување на сите, ја обновија романсата по полни 17 години.
фото: Profimedia