По напуштањето на „Ѕвездите на Гранд“ се огласи Анастасија Иќуруп: Ќе бидам ѕвезда каква што треба
Огорчена поради негативните коментари на сметка на нејзината сценска комбинација, натпреварувачката од „Ѕвездите на Гранд“ самоиницијативно го прекина учеството во познатото музичко натпреварување...
Последните денови не стивнува бурата околу натпреварувачката од „Ѕвездите на Гранд“, Анастасија Иќуруп, која самоиницијативно го напушти натпреварувањето поради негативните критки кои ги доби на сметка на комбинацијата.
Таа сега за првпат јавно се огласи, преку „лајв“ на Инстаграм, каде кажа сѐ што имала за својата постапка и исход.
„Ми требаа два, три дена да се соберам и да го изнесам своето мислење. Прво сакам на сите кои ме поддржуваат да им се заблагодарам. Му благодарам на Саша Поповиќ и продукцијата, ѝ благодарам на Марија Шерифовиќ која е цар и застана зад мене. Многу ми беше убаво да работа и со Марија, а и минатата година со Јелена Карлеуша. Му благодарам на Ѓорѓе Давид и на Бата Спасојевиќ кој совршено ме облече“ - почна Анастасија, па продолжи:
„Сите кои ме поддржаа и кои ми кажаа дека кариерата ми е згасната, сакам да им порачам дека мојата кариера допрва почнува. Работам на голем проект, ќе бидам ѕвезда каква што би требало да бидам. Должна сум да ви подарам песна и емоција, ви благодарам на сите на убавите коментари. За јавните прозивки сакам да порачам едно големо: „Не ми е грижа“. Мислам дека со оваа тема е завршено. Ќе го дадам својот максимум и уште многу други работи. На Саша сум му благодарна, бидејќи ми овозможи медиумски простор.“
За потсетување, Анастасија во спорната емисија се појави во црно боди, под кое имаше црн проѕирен комбинезон, додека преку бутините имаше кожени ремени, а целиот „вампир изглед“ го надополни со лаковани длабоки чизми со висока потпетица. Нејзината комбинација поединечни членови од жирито ја оценија како дегутантна, а коментарот на Ана Бекута беше еден од посуровите.
фото: Принтскрин / Јутјуб