По ова, Хари и Вилијам никогаш нема да се смират: Намерно пласираше приказни против братот и се обиде да прекрие сè

По ова, Хари и Вилијам никогаш нема да се смират: Намерно пласираше приказни против братот и се обиде да прекрие сè

Објавена во: Живот // Живот

Принцот Вилијам, како што пренесуваат британските медиуми пласирал приказни за менталното здравје на принцот Хари...

Работниците на принцот Вилијам наводно пласирале приказни за менталното здравје на неговиот помлад брат, принцот Хари, откако тој јавно призна дека помеѓу нив постојат несогласувања и разлики во мислењата и ставовите.

Деталите за тоа гледачите можеа да ги видат на програмата ТВ куќа ITV, во новиот документарен филм „Harry & William: What When Wrong?“ кој се занимава со нарушените односи на двајцата принцови. Сепак, тоа нема да се случи.

Хари и неговата сопруга Меган првпат посочија дека братскиот однос е сè полош во документарецот кој го снимија за ITV, а кој беше прикажан на крајот на нивното патување во Јужна Африка, во октомври 2019 година. Во разговорот со новинарот Том Бредби, МЕган проговори за потешкотиите во прилагодувањето на животот во кралското семејство, додека Хари зборуваше за тоа дека тој и неговиот единствен брат се на различни бранови должини.

„Сигурно моментално одиме по различни патишта, но јас секогаш ќе бидат тука за него, како што знам дека тој ќе биде секогаш тука за мене. Не се гледаме како порано, но многу го скаам и многу од приказните за нас немаат врска со реалноста. Како браќа, имате добри денови, но и лоши“ - кажа тогаш војводата од Сасекс.

Во новиот документарец, како што пишуваат британските медиуми, повикувајќи се на „Daily Mail“, Омид Скуби, еден од авторите на биографијата „Finding Freedom“, која зборува за заминувањето на Хари и Меган, тврдеше дека „не е случајност“ дека кампањата против Хари е започната истиот ден кога тој потврди дека односите помеѓу браќата се напнати. Тој тврди дека текстовите кои ги пренесуваа сите медиуми, за тоа дека Вилијам „е загрижен за менталното здравје на Хари“ е објавено со цел, а извор биле самите вработени на идниот британски крал. Намерата била да се поттикне ширење на раздорот помеѓу принцовите.

„Тоа беше грозно кон Хари и не помина незабележливо. Секако, невозмоно е да се знае дали Вилијам има врска со тоа, но во секој случај, приказните доаѓаат од неговата куќа, од местото каде што тој е шеф“ - додаде Скуби.

Неговите тврдења беа отфрлени од документарецот во последен момент, повторно, наводно, откако од палатата Кенсингтон им се обратиле на продуцентите на ITV и рекоа дека може да се сметаат за клевета, особено во поглед на посветеноста и работата на Вилијам во областа на менталното здравје. Според британските медиуми, ITV, по „темелното разгледување“, решиле да го послуша барањето на Палатата и ги отстраниле од емисијата сите делови каде се споменува менталното здравје. Останува само коментарот на Скуби за наводното ширење на информации поврзани со Хари од палатата Кенсингтон.

фото: YUI MOK/PA WIRE / SHUTTERSTOCK EDITORIAL / PROFIMEDIA

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: