По ова никогаш нема да помислиш на црна: Која боја на маскара одговара на твојата боја на очи?
Маскарите во боја може да бидат топ!
Освен сенките кои можеш да ги комбинираш со бојата на очите, истото можеш да го направиш и со маскарата. Сите сме навикнати на црната, па така најчесто ја користиме, но сепак можеш да си поиграш и со другите бои.
Токму една од тие бои, најверојатно би била идеална за твојата боја на очи, па затоа време е да собереш храброст и да воведеш некој промена во твојата рутина, кога е шминкањето во шрање.
# Зелени очи
На зелени очи најдобро одговара виолетовата маскара. Што се однесува до нијансите, можеш да одбереш која сакаш, бидејќи сите ќе изгледаат спектакуларно, а некои брендови имаат повеќе нијанси од оваа боја, па може да ти биде и потешко да избереш една.
# Кафени очи
На кафени очи најмногу одговараат темните бои - како црната, кафената, сината или дури темно црвената, бродо боја. Иако сигурно не ставаш маскарта во таа боја, сигурно одлично би ти одговарала, бидејќи таа е идеална за кафени очи. ОСвен овие, можеш да се обидеш и со зелената, бидејќи и зелената одговара на кафената.
# Сини очи
На сините очи, како и на кафените, можеш да ги ставиш скоро сите бои и нема да погрешиш. Но, на сините очи посебно се истакнува розовата маскара, исто како и виолетовата, па дури и кафената. Освен нив, можеш да најдеш и маскара во сина боја, која ќе биде што послична со твојата нијанса на очи и со која ќе добиеш предобар ефект.
# Сиви очи
На сивата боја на очи потребна е некоја силна и впечатлива боја на маскара, а тоа е сината. Со сината боја на маскара не можеш да погрешиш на сива боја на очи, а сигурно ќе изгледа предобро, особено бидејќи сивата боја е навистина ретка, која многу мал број на луѓе ја имаат.
фото: Принтскрин / Инстаграм