По пауза од две години, Александра Јанева го објави својот повратнички сингл „Денот што ни носи“ (ВИДЕО)
Спотот за новата балада на Александра Јанева ја здогледа светлината на денот веднаш по нејзиниот настап на „Макфест“, каде премиерно ја изведе песната, а доби и награда за истата.
Оваа песна на Јанева е т.н повратнички сингл, со кој се враќа на сцената по пауза од две години.
Песната е заедничко авторско дело на Лазар Цветкоски и Александра Јанева. Емотивната видео-приказна за песната ја направи Ѓорги Вацев.
„Денот што ни носи“ беше премиерно изведена на 36-тиот Фестивал на забавни мелодии Макфест и се закити со награда најдобар аранжман.
Во продолжение уживајте во најновата песна на Јанева: