По примерот на Фејсбук: Отсега на Твитер ќе може да реагираме на твитовите

По примерот на Фејсбук: Отсега на Твитер ќе може да реагираме на твитовите

Твитер ја воведува опцијата да може да се реагира на твитовите - покрај вообичаената опција, корисниците ќе може да оставаат и реакции на твитовите, исто како на Фејсбук.

Твитер порано овој месец најави дека ја земале предвид оваа идеја, а досега само добија потврда дека сето тоа е во изработка. 

Покрај вообичаената реакција „фејв“, ќе ги имаме и реакциите „cheer“, „haha“, „hmm“ и „sad“, пренесува B92.


За разлика од Фејсбук, нема да ја има лутата реакција, додека смеењето, поддршката и тажната реакција ќе бидат тука.

Исто така, за разлика од Фејсбук, ќе ја има реакцијата „hmm“, каде корисникот „ќе се прашува нешто“.

Останува да видиме како ова ќе помине на Твитер.


Можеби ќе ве интересира: