По примерот на Кајли Џенер: Македонската пејачката црпи инспирација од најмладата милијардерка во светот

По примерот на Кајли Џенер: Македонската пејачката црпи инспирација од најмладата милијардерка во светот

Објавена во: Мода // Moj стил

Најмладата милијардерка во светот, Кајли Џенер со своите скоро 250 милиони следбеници на Инстаграм започнува многу трендови и на некој начин го наметнува својот начин на облекување, но и начин на позирање.

Многу млади девојки ја следат во чекор и на Инстаграм, па и на другите социјални мрежи често може да видите многу девојки кои по начинот на облекување и фотографирање потсетуваат на Кајли.

Од оваа група не се издвојуваат ниту нашите познати пејачки, особено младите пејачки, кои се прославија во регионалните музички натпреварувања. 

Мартија Станојковиќ е само една во низата, која според начинот на фотографирање навистина потсетува на оваа сестра од кланот Кардашијан - Џенер. 

Но, освен по начинот на фотографирање, Мартија од Кајли црпи инспирација и кога е во прашање и начинот на облекување, вклучувајќи ги и модните парчиња кои ги носи за разни прилики. Па, така често можеме да ја видиме во топчиња, кои секојпат ги комбинира на различни начини. 

Можеме да ја видиме како ги комбинира со панталони, здолништа... а, особено внимание обрнува и на додатоците, кои ѝ ја збогатуваат секоја комбинација.


Сево ова ја вбројува во листата на трендсетерки во нашата држава, а Мартија оваа титула секојдневно се труди да ја оправда.


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: