По примерот на Кардашијанс: За сопствените апликации Цеца, Вељко и Анастасија искешираа 20.000 евра
Тие се први во Србија што отворија свои лични мини социјални мрежи како светските ѕвезди. Помеѓу објавите може да се видат и Богдан Срејовиќ, Богдана и Жељко, но не и Ѓорѓе Куљиќ.
Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ ја носи титулата една од најголемите балкански sвезди, која поради големиот интерес на нејзините следбеници и публика за нејзината работа и приватниот живот, реши да отвори своја апликација за Андроид и IOS системите и со тоа да даде пристап на љубопитни погледи до сите нејзини објави.
Цеца е единствената sвезда во Србија која го следи овој светски тренд, не сметајќи ги нејзините деца Вељко и Анастасија, кои го сторија истото по примерот на нивната мајка. Она што е невозможно да не се забележи е дека семејството Ражнатовиќ први го направи овој потег во Србија, исто како и светски познатото семејство Кардашијан.
Порталот 24седам истражуваше што сѐ содржат нивните апликации, кои од неодамна стартуваа со работа, со оглед на тоа дека Цеца и Вељко преку истите ги следат повеќе од 100 корисници, а Анастасија повеќе од 500.
Тука може да се прочитаат вестите од разните медиуми за нивното семејство, да се погледнат бројни фотографии, да се прочитаат биографиите и други занимливости. Според сознанијата на 24седам, постојат дури и новитети со кои сакаат да се занимаваат, за да имаат интеракција со публиакта.
Она што е сосема сигурно е дека пејачката издвои можеби неколку десетици илјади евра за овој деловно-маркетиншки потег. На пазарот, цените за дизајнирање и развој на комплетна апликација, како нивната, се движат до 20.000 евра, и неопходно е да се спомене дека тимот на програмери ќе продолжи да ги одржува и развива апликации. Според извор на 24седам, близок до Ражнатовиќ, тие планираат да им понудат на следбениците можност за наградни игри, хуманитарни активности и објавување вести за нивната работа и живот, како и бројни фотографии.
Веднаш по отворањето, на апликацијата на Цеца може да се види најновото видео на нејзиниот внук Жељко, а потоа и заедничките фотографии со нејзиното момче Богдан Срејовиќ, што е од голем интерес за нејзините обожаватели. Анастасија, од друга страна, има вистински нежни розови тонови и професионални фотографии на нејзината апликација, како и биографија.
Вељко исто така дава најмногу информации за неговата боксерска професија, но може да се најдат и спомени со неговата сопруга Богдана и синот Жељко. Помеѓу опциите ја има и опцијата „во живо“, но е сè уште во фаза на изработка, затоа претпоставуваме дека тие сè уште немаат објавено вести на оваа тема.
Иако семејството Ражнатовиќ е многу активно на Инстаграм, ќе видиме во иднина дали нивното појавување на Интернет повеќе ќе се фокусира на апликацијата на која што ги вложиле своите пари.