По примерот на познатата мајка: Ќерката на Мадона објави контроверзен спот (ВИДЕО)

По примерот на познатата мајка: Ќерката на Мадона објави контроверзен спот (ВИДЕО)

Објавена во: Stars // Музика

Новиот спот на пејачката во подем предизвика лавина коментари...

Лурдес Леон, ќерката на познатата пејачка Мадона, објави нов видео запис под назив „Cuntradiction“.

25-годишната девојка, храбро оди по стапките на познатата мајка. Исто како што Мадона со своите музички спотови и модни избори знаеше да го шокира светот, така и Лурдес предизвика многу коментари на социјалните мрежи со спотот, во кој јава коњ во долна облека и се лежи на маса полна со храна.

И додека едни во коментари ги фалеа нејзините вокални способности, имаше и други кои ја обвинија дека кариерата ја гради на голотија, а не на талент.


Ќерката на поп ѕвездата израсна под светлата на рефлекторите и во придружба на папараците, кои беа немилосрдни и честопати ѝ се обраќаа со секакви погрдни имиња. Денес, многумина ѝ се восхитуваат поради нејзината храброст. Имено, со бунтовниот стил и однесување, успешно го буди вниманието и реакцијата на околината.

Во неодамнешното интервју за магазинот „Вог“, Лурдес кажа дека напорно работи за да се запише на факултет.

„Луѓето мислат дека сум неталентирано богато дете на кое му е дадено сѐ, но не сум“ - кажа тогаш, со цел да ја отфрли илузијата дека е богата разгалена наследничка, на која сѐ ѝ е сервирано на тацна.

Освен со музиката, таа се занимава и со глума, моден дизајн и манекенство. Беше заштитно лице на колекцијата на дизајнерот Марк Џејкобс за пролет 2021 година. да не заборавиме дека во 2019 година дебатираше во видеото за колекцијата за „Miu Miu“ и оттогаш се појави и во голем број други кампањи.

фото: Принтскрин / Јутјуб

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: